Монодрамата “…Шаторо” наградена во Корча

Специјална награда за најдобра претстава во целина доби прилепската монодрама “Јас, Илија Димоски – Шаторо” од Петар Петрески во изведба на Трајче Иваноски – Пепио, во режија на Игор Трпче на затворање на 16-тиот Интернационален фестивал на монодрама АЛБА МОНО во Корча – Албанија. Драмата беше независен проект на Театарската работилница – Прилеп. Наградата за најдобар актер отиде во рацете на Јоана Попоска, за изведбата на монодрамата “Љубов моја”, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во  продукција на Малиот драмски театар од Битола. Награди добија и гостите од Полска и Крагуевац. На еднонеделниот фестивал со дваесетина монодрами учествуваа актери од десетина земји.

Loading