Ќе ме затвореа, ако имаше нешто

Александар Забрчанец година ипол по суспензијата

Велеа во Истанбул сум зел пари, а на пасошов се гледа не сум бил од 2002 во Турција – вели Ацуле

После серијата сомнителни меѓународни натпревари, од кои и во елитната Лига на европски шампиони, (Динамо – Лион 1-7!) пак се наметна темата – Победа. Нелогично е наголемо да се местат мечеви пред милијарда ТВ гледачи, а само малиот клуб казнет пролетта 2010, со осум години забрана за настап во рамките на УЕФА и ФФМ. Има ли некаде правда? Доживотно суспендираниот претседател Александар Забрчанец – Ацуле, отвора душа. Зошто настрада само Победа? Сакаа фотелја на ФФМ. Не можеа регуларно да ја преземат власта, удрија на Победа – вели Ацуле. Без никакви и последици  поминаа мечевите од ЛШ следени низ директни преноси со 30 камери, пред милијарда аудиториум. А, Победа пак збришана за дуели со ерменскиот Пјуник (1-3 во Скопје и 1-1 во Ереван) од прво квалификациско коло 2004, од кои малкумина видоа само моменти. Казна, единствена во историјата. Гарантирам немам никаква вина. Казнет без докази. Како може сами да местиме 1-1 во Ереван, без домаќинот? Велеа во Истанбул сум ги земал парите, а на пасошот се гледа дека од 2002 година немам влезено во Турција. Нема материјални докази. Да имаше, нема да ме чешлаат, ќе ме затвореа – тврди Ацуле. Тој нуди ТВ дуел со сите спротивставени, а доколку не се јават планира прес конференција до детали, да ја каже својата вистина за згаснувањето на Победа.

Loading