Зелено знаме за ОУ “Блаже Конески”

Прва награда – “Зелено знаме”, затоа што веќе три години се изведуваат различни еколошки активности доби ОУ “Блаже Конески”. Овојпат наградата е од МОН, швајцарската агенција за реконструкција и невладината ОХО за проектот “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”. Запазувајќи ги четирите еко стандарди: енергија, транспорт, вода и училишен двор, училиштето аплицирало и од “ведро небо” добило известување дека ја добиле највисоката награда. Со “зеленото знаме”, добило и 61.000 денари за понатамошно надградување на еко-свеста. Наставниците пак изработиле еко-проект кој во Охрид ќе го брани директорката Марија Дулевска. Проектот е насловен “Партерно уредување на училишен двор” ќе се оствари со средствата од наградата бидејќи не е мал. Ќе се собираат средстава и од други страни. За реализација на проектот за вклучување во собирање на рециклиран материјал, изработка на пластеник него, како и изработка на сончев часовник. Цел е да се подобрат резултатите на учениците, да се развива еко-свеста, да се создаваат еколошки навики, и да се истражува екологијата, едновремени грижејќи се за здравјето. Вкупниот буџет е околу 308 илјади денари. Средствата ќе бидат обезбедени од наградата за зелено знаме и училишниот самопридонес, а ЈП Комуналец ќе учествува со 20 проценти, Лајонс клубот ќе даде 10 проценти, Македонски шуми ќе учествува со 20 отсто, локалната самоуправа со 20 проценти, а остатокот со работна сила од локалната заедница и советот на родители.

Loading