Пајки во речната шир

Кој вели дека Прилеп немал вода! Небаре езеро се излевала Дабничка која минувала крај хотел Скопје, па пред Капковци… А вода без пајки, не бидува. Нашле кротките птици мегдан да ги протегнат перките и да ја победат водената сила, нарушувајќи ја мирната речна шир. Дека токму тука врви реката, се потврдува и сега. При пообилните врнежи, водата често избива во близината на участакот. Било тесно грло. Природно според законите на физиката, водената површина зафаќа и се излива во околината. Но затоа пак за пајките е рај, мерак да се брбешкаат. И додека тие спокојно уживаат во својата природна средина ,водата, излеаното речно корито правело зијан на дуќанџиите и куќите. Нема играчка со вода, ама и нема поубава глетка од водата. Душата се распостила по природното пространство, се разгалува, се смирува. Ја нема веќе глетката каде се распослало речното корито. Таа сега притаено тече под асфалтот, кој не í дава “слобода”.

Loading