Меч 160 минути

Кошарка

Најдолг кошаркарски меч во последно време, точно 160 минути, помеѓу Ултимејт баскет и Милениум од Струмица, лидер на второлигашката табела. Почна во 19, заврши во 21,40 часот, заради инцидентот во втората четвртина. На три минути пред полувремето, настана мешаница меѓу гостинската клупа и најблиските навивачи. По долг прекин, екипите се повлекоа во соблекувалните, а публиката замина, оти се чинеше дека мечот нема да продолжи. Сите беа за играње и натпреварот се доигра во речиси празна сала. После невиден пресврт 86-79 за У. Баскет. Победивме со штипски Гоце Делчев, битолски Пелистер, сега и со Милениум. Играме мотивирано. Така ќе биде и в сабота кај последното Неготино – вели Влатко Атанасоски, тренер.

Loading