Ита ги освојува САД

Ита Аџиеска ги освојува САД. Со изложба на 20 слики таа одбележа 20 години творештво, претставувајќи ја Македонија. Дел од мотивите се од Маркови кули, Струга, Охрид, природните убавини на Галичник. Отворањето го почестил и македонскиот конзул Звонко Муцунски. Се одржала и модна ревија со настап на пејачи. Ита подолго време живее во САД. Се занимава со сликарство и мода. Работи во “Мерцедес бенз модната недела”. Каде и да одам, Македонија ми е во душата. Затоа вечерта беше насловена “Носталгија за Македонија” – вели Ита.

Loading