Еликсир за долговечност

Речиси нема суштество на Дуњава, кое не посакува што подолго да се радува на изгрејсонцето и го вдишува воздухот. На научната мисла предизвик í е откривањето на еликсирот на договечноста. Велат дека нема “смрт без суден ден”. Колку ќе живееш, зависи од генетската предиспозиција. Некои велат: долгиот живот се здравите животни навики. Затоа хит станува здравата храна. Се препорачуваат разните фитнес центри не само за слабеење, туку и за одржување на здравјето. Сето тоа надополнето со витаминско – минерални препарати за одржување на виталноста. Неодамна овој свет на неизвесност, или како што популарно се вели живеење во континуиран стрес, ненадејно го напушти стогодишната сограѓанка Васка Грабулоска. Според неофицијалните податоци таа беше најстарата прилепчанка. Која беше формулата за долговечнсота, за неделникот “Зенит” не успеа да ја открие. Уште помалку да подели совети како современиот човек може да се справи со потрагата и моќта на парите, страста на животот. Соседите велат дека била енергична жена која сама си берела гајле. Животната трка í заврши на сто години. Секој посакува трицифрена бројка или да зачекори во вториот век од животот. Божја дарба и работа!

Loading