Детски мјузикл со одлична кореографија

Премиера на претставата ,,Јунаците од бајките”

“Јунаците од бајките” во драматизација и режија на Петар Димоски е претставата за деца која Театарот премиерно ќе ја прикаже в недела Улогите ги толкуваат Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Зоран Иваноски, Наташа Наумоска, Милан Секулоски, Марија С.Илијеска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески и Игор Трпчески и десетина деца од младинската сцена. Кореограф е Кире Миладиноски, автор на музиката Душко Темелкоски. Режисерот очекува најмладите да уживаат во претставата со многу песна и игра. “Јунаците…” се музички спектакл, претстава за деца од најмала возраст па до осмо одделение. Децата ќе уживаат со Црвенкапа и Волкот, со Снешко Белчо, со Трите прасиња, Снежана и седумте џуџиња, Пинокио, но и со новите четири – пет лика, меѓу кои се Аладин и Кунг фу пандата – вели Димоски. Претставата ги истакнува човечките квалитети и вредности. Ќе биде поучна и ќе покаже како треба да се градат личности. Ќе биде збогатена со многу сонгови, песнички и одлична кореографија – вели режисерот Димоски. Ова е четврта премиера што ја подготви Театарот годинава со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Loading