Изложба на дела од Мирослав Стојановиќ – Шуки

Изложба на 20 дела во комбинирана техника, работени во периодот 2010 – 2011 година од Мирослав Стојановиќ – Шуки, ќе биде отворена вечерва во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Уметникот се инспирирал од збирката поезија на пријателот Дџабир Дерала “Деатх њас ин мѕ роом” во која се обработени темната страна на индивидуата, стравот, паранојата, паниката, тежината. Стојановиќ чувствувал повик да даде сопствена верзија на поезијата, преведена во медиум на цртеж. Притисокот на графичката преса како да ја симболизира тежината и инпактот на емоции врз психата и умот, додека со дополнителни интервенции се создава рационализација и средување. Мракот не е нужно да носи негативен предзнак. Тој е непресушен извор на инспирација и единствен облик на контрола на рационалното – потенцира сликарот. Стојановиќ дипломирал на ФЛУ во Скопје во класа на професорот Ристо Калчевски во 1990 година. Живее и работи во Скопје. Реализирал повеќе самостојни и групни изложби. Учествуваше на ликовната колонија “Дрен”.

Loading