“Кавкаскиот круг со креда” на врвот

Пост фестум на ЕКС ПОНТО во Љубљана

“Кавкаскиот круг со креда” во режија на Мартин Кочовски е победник на 18 издание на ЕКС ПОНТО. Публиката гласаше со највисоки оценки меѓу театри од Хрватска, Словенија, Чешка, Бугарија, Унгарија. Докажувме дека сме гордост на Прилеп и најдобар театар во земјата. Театарот е бренд во културата. Ќе го оправдаме и одржиме стекнатиот епитет – рече Тони Чатлески, директор на ЦК “Марко Цепенков”. Уште една потврда за квалитетот. Освоивме награда што досега никој не ја добил во Македонија. И тоа од публиката, со оценка од 4,6. Успеавме да ја кренеме на нозе словенечката публика и да аплаудира 15 минути, што досега на никој театар не му пошло од рака на ЕКС ПОНТО. И добивме покана вторпат да учествуваме на МЕСС. Мора да сме присутни на фестивалите. Министерството за култура најде разбирање за патувањето. По гостувањето во Лајпциг, се надевам ќе имаме други покани. В година, ќе гостуваме и на Еуроказ во Загреб. Имаме што да покажеме на европската театарска сцена – рече Стојан Дамчески, раководител на театарот. Актерите во еден глас “Многу сме јаки”. Ја победивме Словенија во кошарка, во Словенија победивме со театарот. Имаме најдобра претстава. Наградата е значајна, оти вложивме голем труд. Работевме 4 месеци, и уште се доработува – рече Димитар Ѓорѓиевски. Колку повеќе излегуваме надвор, подобро е за македонскиот театар. Добиваме повисок рејтинг, ја презентираме македонската култура. Играме со чиста мисла, срце и голема љубов – вели Александар Степанулески. Театарот продолжува со подготовките на новата претстава “Калигула” во режија на Зоја Бузалковска, а напоредно се вршат подготовки за гостувањето на фестивалот “Евро сцена” во Лајпциг, во ноември со “Антица” од Крле, во режија на Бранко Брезовец.

Мускули и креација

По освојувањето на трите награди на НЕТА театарската асоцијација во Струмица на фестивалот “Ристо Шишков”, следниот поход по награди на театарот со “Кавкаскиот круг со креда” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски беше фестивалот ЕКС ПОНТО во Љубљана. Иако, долго, со многу застанување, патувањето не влијаеше на расположението на актерите. Тие се чувствуваа како дома, на свој терени во Љубљана. Ветија и исполнија одлична изведба пред словенечката публика, во која имаше и Македонци, кои живеат и работат во Словенија.. Многумина вљубеници во театарот привлекоа прилепчани на 21 септември на адаптираната сцена на театарот, кој некогаш бил градска електроцентрала, наречена Стара местна електрарна. И македонскиот амбасадорот ги проследи “своите”. Седнаа, очекувајќи да видат добра претстава, оти ансамблот има беграунд во Словенија. Оломнани гостуваше со “Тапани во ноќта” во режија на Мартин Кочовски. Не згрешија. Уживаа на актерската игра, техниката, која рачно ја вртеше ротацијата, групата Фолтин, давајќи го до максимум, со сиот жар, талентот, трудот и подготовката. Одиграа фантастично. Воодушевуваа, а публиката ги награди со долги овации и ракоплескања на нозе. Посетителите не можеа да го скријат воодушевувањето, од како што рекоа, театарскиот спектал. Интересна претстава. Несекојдневна. Одлична режија, музика. Не е само претстава, спектакл е. Тоа е театар – рекоа од публиката. Се гордеам со нашиот театар. Модерна, европска изведба – рече Билјана која живее и работи во Словенија. Иако уморени, актерите одговораа на тркалезна маса. Нико Горшиќ, од НЕТА асоцијацијата, рече дека прилепскиот театар е европски, а Кочовски режисер на кој му лежи Брехтовото дело. Кочовски се гордее што доживеал негови претстави љубљанчани да видат двапати. Актерот Владимир Ѓорѓијоски посочи дека ја покажале актерската душа. Претставата го добива рационалниот живот и долго ќе трае. Кога публиката е задоволна, и кај нас задволството трае уште подолго – изјави Ѓорѓијоски во Љубљана. Директорот на МЕСС од Сараево, Дино Мустафиќ веднаш упати поканата за гостување на театарот на МЕСС следната година со “Кавкаскиот круг со креда”. Кочовски ги одблежува последните сезони со своите режии на Брехт. Одлично му успева да ги поттикне актерите да го играат вдахновено Брехт. Ова го нема на балканските, ниту на европските сцени – изјави Мустафиќ.

Loading