СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО ОД ДВА ЧИФТА ДРУГАРИ

10 години слаткарница Дизниленд

Вистинско царство на слаткото задововолство. Мерак и сласт за душа. Лепеза на разновидни торти ги пленат очите, а слаткиот вкус долго трае.

Така е во слаткарницата Дизниленд, каде се прават најубавите и највусните торти во градов, на кои сладовкусците тешкооддолеваат. Шаренило од вкусови, бои, форми. Врвулица е со право во слаткарницата, лоцирана во старата зграда Табана. Доаѓаат муштерии, купуваат торти, за секаква пригода, именденски слатки, невестински торти. Од оние половинките за иштав човек благо да касне, до оние за славје, роденденски журки, свадби и свечени пригоди. Слакарницата Дизниленд успешно работи десет години. Гаранцијата за успехот е квалитетот и богатата понуда, која постојано се надополнува и освежува. Слатките задоволства се производ на два чифта брачни двојки, другари, а љубовта и задоволството кон работата ги зближило во трајни и успешни партнери. Во секоја торта прсти смешуваат: Весна и Трајче Николоски и Елена и Тони Атанасоски. Производството е домашно. Довербата ја стекнавме со квалитет. Сопругот Трајче е главен мајстор за печењето на тестата, подготовката на филовите. Декорирањето ми е задоволство, сакам да ги украсувам тортите и слатките. Потоа во другата смена работат Елена со сопругот Тони и вработената Мариче во подготовката на готовиот производ – објаснува Весна. До идејата за бизнис дошле случајно. Нема да го заборават 2 август, Илинден. На случајна средба в чаршија паднал договорот за отворање на слаткарницата. Весна имала искуство од Бамбини, а Елена имала дуќан. При изработката користат проверени суровини со лиценца од реномирани фирми. Употребуваат нестле чоколадо, плазма кекси, ореви од фирма, соработуваат со италијански фирми за изработка на кремови. Секогаш користат свежи јајца од живинарски фарми со сертификати. Закон се желбите на потрошувачите. Најголеми се невестинските торти. Бидејќи сме професионален тим, тортите ги правиме непосредно пред времето за испорака – објаснува Елена. Им пречи нелојалната конкуренција на дивите слакари од дома. Го имплементирале и вложиле многу во ХАСАП системот. Биле пресреќни и сметале дека по хотелите ќе доставуваат торти со фискална сметка и ХАСАП документ. Очекувале раст на потрошувачката. Но, торти, изработени на црно, уште се вметнуваат по хотелите. Планираат проширување, не само на асортиманот, туку и на просторот со отворање во центарот на класична слаткарница.

СЛАТКИ ЦИЦКИ

Женски гради била тортата со најнеобична форма. Најголемата торта која ја изработиле била на 5 ката од 2 метри со многу ореви, лешници и бадеми. Меѓу децата хит се тортите со спортските тимови и со ликови од цртаните јунаци.

Loading