КУД “Моминок” на фестивал во БиХ

КУД “Моминок” од денеска до недела ќе учествува на третиот меѓународен фолклорен фестивал “Убавината на различностите” во Челич , кај Тузла, во БиХ. Играорците ќе играат Осоговка, Калајџиско, сплет игри од Источна Македонија, Повардарие… Македонскиот фолклор ќе се презентира во друштво на фолклористи од Европа. “Моминок” учествуваше на меѓународен фестивал во Букурешт, Романија.

Loading