ДАЛИ ЌЕ СТАРТУВА РК ПРИЛЕП?

Уште нема информации за обновување на машкиот клуб РК Прилеп, кој згасна како суперлигаш, поради беспарица, кон крајот лани. Дел од ракометарите од првиот тим во меѓувреме се разотидоа на многу страни, едни во странство, други во приватен бизнис. Тешко оди иницијативата од март – април. Оттогаш не е ништо преземено. Амбициите се скромни – само да постои клубот, да се “фрла и додава топката” низ натпреварите од пониската Прва лига. Времето минува, подготовки нема, а стартот на првенството е во септември. Се зборува дека поранешни играчи, а сега амбициозни тренери, ја земаат работата во свои раце. Меѓутоа, нема ништо од новиот РК Прилеп, додека не се види на дело.

Loading