МИЛЕНА ЈОВАНОСКА СО ПРВО ЦД

Пејачката Милена Јованоска по повеќе години на македонската музичка сцена, го издаде првото ЦД “Еден живот – една Македонија” со патриотски песни во етно стил.  “Ми заплакало селото Ваташа”, “По пат одам за пат прашам”, “Мори чупи Костурчанки”, “Едно име имаме” се само дел од новите песни, за кои аранжманот го направи Бранко Попчевски, кој е и продуцент. Јованоска вели дека на сцената е 15 години. Народната музика ја одбрала бидејќи носи корени од дамнина. Песната е живот. Можеби затоа и насловот на моето првенче е “Еден живот…”. ЦД е издадено под покровителство на Министерството за култура.

Loading