ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА ВО 21 ИНСТИТУЦИЈА

Локалната самоуправа ќе нарача подготка на програма за енергетска ефикасност на сите јавни институции. Проектот ќе го работи Топлификација инжинеринг. Австриската агенција за развој финансира 25 илјади евра за подготовка на програмата. Ќе се опфатат 21 институција – сите основни и средни училишта, градинките, старскиот дом, културните установи. Претендираме на драстично намалување на потрошувачката на енергенсите – вели Дејан Стојчески, енергетски менаџер во општината. За изработката на програмата, Топлификација инжинеринг ќе ги набљудува објектите на јавните институции.

Loading