ДОБАР ВИД СО ОЧИЛАТА ОД ОПТИЛ

Партнерки во птички бизнис преку ризик и обуки

Бизнис со очила и оптички помагала во фирмата Оптил мудро и успешно тераат веќе шест години партнерките Катерина Батаклиева и Мирјана Дудеска. Оптиката не е обичен дуќан. За да биде купувачот задоволен, очилата треба да обезбедат добар вид, но и да му се комотни и практични. А за тоа нужно е знаење. Тие критериуми се “оче наш” за оптиката. Во напорите за уривање на предрасудата дека ортаклакот не дава плодови, тие го зацврстиле партнерството и со кумство. Двете ортачки влегле во бизнисот со оптика со волја да ги вложат сопствените интелектуални потенцијали, комплетно 24 часа. Со искуството зад нив, посетувале и едногодишна специјализација по оптометрија и контактологија во Нови Сад. Знаењето им дало крилја и верба, односно нова стручност за определување на диоптрија и корекција на вид на здраво око. Била нужна и храброст на патот во непознатото, послан со ризици на секој чекор. Шест години подоцна фирмата е стабилна и без закани за поместување од здравото тло што го поставиле. Тргнавме од нула кога решивме да отвориме своја оптика. Сите заштедени пари ги вложивме во реновирање на ентериерот во објектот наспорти Поштата – објаснуваат партнерките за проодувањето на Оптил. Првата врата каде чукнале било Скопје, кај големопродажните фирми за оптичка стока. Стравуваме дека можно е да нé одбијат. Но настапивме со голема доза на самодоверба, решителност и отворени карти. Им кажавме дека се носиме со намера да отвориме голема оптика, дека сме подготвени да работиме силно. За среќа, другите страни открија кај нас дарба за бизнис и соработка. Им кажавме дека иднита соработка ќе има перспектива со големопродажбата која ќе излези во пресрет кога е најтешко. Сите партнери веруваат во искрените намери и пружија рака, освен еден. Полни со стока за прилепскиот дуќан, тргнаа со бизнисот во Оптил – раскажуваат Батаклиева и Дудеска. Постепено со чесна и коректна работа, со понуда на квалитетни наочари по солидни цени, долговите се намалувале и се исчистиле. Имале нервози, непроспиени ноќи, ама полека, полека, сé стокмиле на свое место и сé наместиле на ред. Сега сме меѓу десетте најдобри оптики во Македонија. Тоа не се постигнува со неодговорен, несериозен и шарлатантски однос, туку со професионален пристап и доследно почитување на желбите на муштериите. И не само кон нив, туку и кај деловните партнери од големопродажбата, кои нé “хранат” со квалитени стоки со пристојни цени. Кон добавувачите настапуваме со девизата, “добри трошачи и добри плаќачи сме и ни треба флексибилност и слух.” А и за муштериите го користиме рецептот на мајка ми, која долго работеше во оптиката Геталдус, а тоа е “внимателно ислушај го муштеријата, колку и да му се зборува, тој сам ќе каже што треба да му продадеш” – пренесува дел од стилот на работа и мотото на деловната куќа, Катерина Батаклиева. Инаку, двете партнерки имале среќа што на Катерина í била мајка оптичарката Злата. Двете го научивме занаетот од мајка ми, која цел работен век го мина во оптиката Геталдус. Бараше совршена прецизност во изработката и не толерираше инпровизации и грешки. Замина во пензија, но остави печат и урнек за оптиката. Беше еден од најдобрите мајстори во бивша Југославија – кажува Катерина. Како и да е, Оптил сега е реномирана фирма за оптика, за очила и стакла, во која муштериите можат да добијат и совети, да им се откријат ситните мани на очите и да им се одреди диоптрија, да им се постават оптички стакла на рамка по нивни избор. Летно време нудат и очила за заштита од сонце, а последниве години, муштериите можат изберат квалитетни часовници од познати марки од продажните излози.

Loading