СТАРО ЛАГОВО СО НОВ ВОДОВОД

На барање на жителите од селото Старо Лагово, се реконструира селската водоводна мрежа. Локалната самоуправа обезбеди пар за реконструкција на мрежата, долга околу два километри, со што чиста вода за пиење ќе има секое домаќинство. Реконструцијата се врши со стручна помош на ЈП Водовод и канализација. Градежните работи ќе завршат за неполн месец.

Loading