ИСТРАЖУВАЊА И КОНЗЕРВАЦИЈА НА СТИБЕРА

Започнаа годинашните истражувања на археолошкиот локалитет Стибера кај селото Чепигово. Археологот Лилјана Кепеска вели дека се копа на три пункта на Гимназионот. Ќе копаме да се дооткрие соседството на објектите Херонот, Теменосот и Атриумот за да се дефинира поврзаноста – вели Кепеска, советник кустос, раководител на проектот. Ископувањата во помал обем ќе траат до крајот на мај, оти се обезбедени само 500 илјади денари. Паралелно ќе се конзервира досега откриената архитектура. Стибера е значаен антички град, кој живеел од третиот век п.н.е. до четвртиот век. Откриен е храмот на Божицата Тихе, дел од Гимназионот, култниот објект,како и повеќе скулптури без глава.

Loading