ПО ТАТКОВАТА СТАКЛАРСКА ТРАДИЦИЈА

Стакло Милчин

ПВЦ прозорците се отпорни на неповолни климатски влијанија, штитат од студ и ја чуваат топлинската енергија

На прашањето “Татко ти да не е стаклар?”, браќата Блаже и Миле Милчиноски со сигурност може потврдно да одговорат затоа што пред десет години го обновиле коренот стакларски и ја продолжиле семејната стакларска традиција во занатот кој го знаат од деца. Милчиноски од време биле стакларска фамилија. Прво срчарство, па стакларија, а сега комплет со ПВЦ дограма. Татко им го наследил занаетот од чичка си. Фирмата постои десетина години. Името Стакло Милчин е кратенка од презимето. Почнале со репарирање на скршени џамови. Покрај стакларски услуги, поставувале термопан стакло. Сега главна ориентација им е термо изолациското стакло со ПВЦ дограма. Комплетно производство на дограма и стакло. Користиме германски Алопласт профили со пет, шест комори, па и нагоре За префинетите муштерии, веќе две години воведено е аргонското полнење за топлотна и звучна изолација. Има разлика и во цената, која е повисока – велат браќата Милчиноски.

Ем убаво, ем ефтино

Изработката е по желба на муштериите. Има интерес, но се чувствува кризата. Одолеваат на попразните џебови на граѓаните. Бараат квалитет со ниски цени, поефтино, а убаво. Функционираме добро, според економскиот амбиент. Но, напнато е – велат браќата Блаже и Миле. Развојот го гледаат во комплетно производство. Наше предимство е гаранцијата и на дограмата и на стаклото. Кога се трошат пари, муштеријата да ги даде на вистинско, сеопфатно место. Прозорците се отпорни на неповолни климатски влијанија. Штитат од студ, сонце и бучава, а штедат топлинска енергија. За подобра звучна и топлотна изолација користиме профили со две или три дихтувања. Производството го изведуваме во работилница, а дуќанот е за поситни стакларски работи – велат од Стакло Милчин.

ПВЦ ДОГРАМАТА ОТПОРНА НА ВЛАГА

Доколку постои дилема при изборот – дали да се купат дрвени, алуминиумски или прозорци од вештачка маса, од Стакло Милчин советуваат дека ПВЦ прозорците се отпорни на влага. Понекогаш ПВЦ прозорците со широки крила дополнително се зајакнуваат со метал со антикорозиска заштита за стабилност. Прозорците се важен градежен елемент кој влијае на изгледот на куќата или деловниот објект. Архитектите се сложуваат дека тие се важни и креативни делови на фасадата. Зашто прозорецот е нашиот прв контакт со надворешиот свет, кој овозможува проветрување, доволна природна светлост и заштита од надворешните влијанија. Повеќекоморните ПВЦ профили и квалитетните термоизолациски стакла се кважни својства при изборот на прозорците.

Loading