БИНАС ЌЕ ПРОГЛЕДА СО ДАРЕЖЛИВИТЕ РАЦЕ

Во семејството на Таироски “Зенит” ја враќа надежта

Досега на посебната сметка за донација за операција во Истамбул собрани се 49 илјади денари, а за зафатот потребни се 120 илјади денари

Бескрајна е вербата кај родителите Демир и Фејзија Таироски дека хуманитарната акција што ја започна неделникот “Зенит” ќе вроди со плод и ќе се соберат прекупотребните две илјади евра за операција на 17 месечната ќерка Бинас со цел да и се врати видот кој го изгубила со престој во инкубатор како новороденче. Ја чувствуваат хуманоста на прилепчани кои несебично донираат средства на посебената жиро сметка која ја отвори весникот со цел поскоро да појдат на лекарската интервенција во болницата во Истамбул, за да се извади детето од мрак. Родителите Демир и Фејзија Таироски гледаат зрак надеж дека близначката Бинас со 97 отсто оштетен вид, ќе му се придружи на 17 месечниот брат Тахир во играта. Сакам како секое дете што гледа, и Бинас да види што е светлина, да го види нејзиниот брат. Благодарни сме на секој кој ќе се потруди да помогне – вели мајката Фејзија. Родителите растргнати се постојано во движење, работат, трчаат да соберат некој денар повеќе за видело на сопственото дете. Изненадени се од акцијата што ја покрена весникот “Зенит”. Секој петок јавно на страниците се објавува жиро-сметката за донација за помош на Бинас и со секој собран денар сме пооптимисти дека и нас еден ден ќе ни се насмевне среќата и нашето дете повторно ќе прогледа. Ни требаат уште минимум 65 илјади денари. Секој весник го чуваме и со душа го очекуваме петок да ја видиме големината и топлината на срцата на прилепчани кои ја покажуваат со подарување на средства. Веруваме во хуманоста на нашите сограѓани, бидејќи само едно ромско дете е во ваква состојба и кога станува збор за потреба од помош никој не ги дели децата. Не располагаме со парични средства. Нема сами од каде и како, да ја лечиме нашата ќерка – вели таткото Демир. Досега се собрани 49 илјади денари. Премногу се благодарни на хуманитарната кција која ја започна “Зенит”. Не знаеме како да ја искажеме радоста што сакате да помагате. Како баба верувам дека ќе и се врати видот. Бинас не беше слепа родена, туку видот и “прегоре” во инкубаторот. Не ги обвинуваме лекарите во Скопје, и мислиме дека настанала некоја ненамерна грешка. Со акцијата на Зенит ќе успееме заеднички да ја добиеме битката за очите на Бинас – вели бабата Шукрија. Дедото Таир сон не го фаќа. Водата мирува, но тој не по потрага за помош на внуката. Братчето Таир со детска насмевка очекува сестрата Бинас да му се приклучи во веселата игра.

ХУМАНИТРАНА АКЦИЈА НА УНИЈАТА НА ЖЕНИТЕ НА ВМРО – ДПМНЕ

Пакети со облека, храна и средства за хигиена донираа членките на месните комитети Тризла 2 и Ѓогдере од Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ на семејството Таироски. Подготвени сме за помош на социјално загрозените семејства со цел да ја покажеме хумансота. Реагираме со доброволен прилог, дониран од членките – вели Соња Блажеска, претседател на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.

“ДАРЕТЕ ОЧИ” НА БИНАС

Да прогледа малата наша слепа сограѓанка Бинас, на 17 месеци, дарете средства за операција во Истамбул. Потребни се две илјади евра. Слепилото í е последица од предвремено раѓање и инкубаторот. Нејзе не í се насмеа среќата да биде оперирана како нејзинот брат – близнак и да го види сонцето. Ги повикуваме сите хумани луѓе да помогнеме да го извадиме невиното дете од темнината, зашто и во него тлее живот и мечта за детска радост. Сметката за донации е 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140.

Loading