ПРВИ ЗА ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Кондо 2 Мирен сон

Вршат комплетно погребни услуги за солидарен и комерцијален погреб

Бизнисот не познава и не признава граници, емоции, предрасуди. А токму доказ за оваа девиза е семејството Кондоски, кое веќе 20 години продава опрема и врши погребни услуги. Прво фирмата се викала”Мирен сон”. Со пререгистрацијата сега е “Кондо 2 Мирен сон”, а управител е синот Валентин. Името на фирмата го содржи прекарот Кондо. Две децении создавале имиџ, баран меѓу прилепчани за последното испраќање. Оти фирмата се докажувала со квалитет на услугите и погребалната опрема. За последното патување до вечното почивалиште имаат на располагање две погребни возила. Идејата се родила со приватизацијата. Трговијата со текстил била не профитабилна, и Кондоски започнале бизнис со продажба на погребна опрема. Сега вршат и комплет погребни услуги од ископ на гробно место до закоп на мртовецот. Бевме меѓу првите, можеби малку морничаво, но профитабилно.. Мора со нешто да се занимаваме. И тоа е дел од животот – велат од семејството Кондоски.

Фирма по стандарди

Со измените на законската регулатива од лани, веќе вршат целосни погребни услуги со двајца гробари и три возила, од кои две се погребни и едно патничко. Услугата опфаќа бесплатна подготовка на мртовецот и облекување – велат од “Кондо 2 Мирен сон”. Според стариот “бичим”, домаќинлакот се покажува и со совреме купување на гробно место. Такаречи, секое семејство има место. Иако е економска криза, од “Кондо 2 Мирен сон” тврдат дека адетите не се скусуваат, туку се прошируваат. Па така дарувањето на чорапи, крпи кошули кое најчесто го практикуваат по селата, се одомаќинува и меѓу градските фамилии. Со тоа трошоците само се зголемуваат за семејството, покрај загубата и болката по мртовецот.

Дваесет години погребно претпријатие Мирен Сон

Според членот 21 од Законот за гробишта и погребални услуги “Мирен сон” врши погреб со сопствени гробари и со свое возило на старите и новите гробишта. Располага со автобуски превоз, со екипи за подготовка и облекување на покојникот, организира Задушници, ги подготвуваат сите документи околу покојникот. Врши комерцијален и солидарен погреб. “Мирен сон” врши превоз на покојниот во општинава, надвор од градов и од државата. Земајќи го покојникот од Скопје, се избегнуваат трошоците од четири илјади денари.

СТАНДАРДЕН ПОГРЕБ 100 ЕВРА

Располагаат со погребна опрема за различен џеб. Сандаците се од 2000 денари нагоре. Не се плаќа подготовката на покојникот за чинот на погребување. Со сандак со средна цена, погребот чини околу 6-7 илјади денари, а најниската услуга е 3 -4 илјади денари.

ПЕРАЛНА КОНДО

Семејството Кондоски има и автоперална каде не се светнуваат само автомобили, туку и теписи, килими. Тие се одлична замена за домаќинките да не клечат по коленици во време на поголема ангажираност. Велат дека не само за Велигден, туку и преку целата година прилепчани носат килими за перење, дури и на Божик. Бизнис си е бизнис!

Loading