ИСТО РАСТОЈАНИЕ

Трета лига

В недела (14, 30 ч.) е 19. коло од Трета лига – Југ. Лидерот Победа јуниор оди кај Партизан во Обршани. Растојанието со втората Бабуна е непроменето – пет бода. Велешани играат дома со Кожуф. Останати: Г. Коњари – Илинден, Корзо – Вардарски, Младост – Млекар. Претходно: Г. Коњари – Победа ј. 1-3, Корзо – Партизан 1-0, Младост – Вардар 3-0. Во општинската А – лига в недела (16 ч.) Динамо гостува кај Воѓани. Останати: Кадино – Кадица, Пролетер – Чепигово, Ц. Ѕвезда – Тополчани, Боротино – Тризла, Козара – Обршани. Претходно: Динамо изненаден дома 1-1 од Обршани. Останати: Тризла – Козара 4-1, Тополчани – Боротино 2-0, Чепигово – Ц. Ѕвезда 4-1, Кадица – Пролетер 1-1. Табела: Динамо 34, Тополчани 30 бода. Во општинската Б – лига Гарван – Канатларци 3-0, Мукос – Илинден 1-2, Пелагонија – Братство 2-2, Беровци – Клепач 2-1. Табела: Братство 33, Илинден 29 бода.

Loading