ЖИТО ПРИЛЕП МОЖЕ ПОДОБРО

Ракомет: В недела (19 ч.) Французинки во арена “Сонце”

Недостигот на искуство и квалитет се надополнува со борба пред 2 000 навивачи

Жито Прилеп в недела (19 ч.) во Спортска арена “Сонце” е на мегдан со францускиот Мио бигано, на реванш од четвртфиналето на купот Челенџ. Патникот во полуфиналето е познат по недостижните 18 разлика за ривалот, но мечот не е без значење за прилепскиот тим и јавноста. Во градов доаѓа тим од земја, меѓу најракометните во светот. Очигледна е разликата. Вакви ривали се репер до каде сме. Знаеме што да презмеме натаму. Постепено ќе се искачуваме квалитетно, со оглед на амбициите да играме наесен во посилен куп, ЕХФ – вели Ристо Магдинчев, тренерот. Нема бегање од реалноста, но претстојниот реванш е можност за исправка на грешките. Девојките во жолти дресови имаат обврска пред клубот и симпатизерите. Тимот на Магдинчев мора и може подобро пред две илјади навивачи. Таму првото полувреме ни паѓаа топки од раце, а немавме никаква одбрана. Лесно ни даваа голови. Практично им помогнавме да дојдат до голема предност – вели Магдинчев, тренерот. Пријатно изненадување е ефикасноста на Гичева со седум гола, која долго се мачи со повреда. Зад неа е голгетерот Шалевска со четири погодоци, крилата Папуџиева и Срњакова со по три. Радува враќањето на пивотите Серафимовска и Илиеска, стрелци по двапати. Искуството и квалитетот се на страната кај противникот, празнината мораме да ја надополнуваме со борбеност. Барам борба за секоја топка на паркетот – порачува Магдинчев. Мечот ќе го водат судии од Турција, а делегатот е од Косово.

Тунижанката “растура”

Прилепската публика ќе ужива в недела. Францускиот состав е со шест интернационалки. Најистакнати се средниот бек Нземанко, левиот Ваитанаки, пивотот Клавати, но над сите е Тунижанката Куиди. Во акциите незадржливо пробива, дава гол или асистира. Целиот тим има добри на секоја позиција, но Тунижанката е главниот играч на Мио – вели Магдинчев. Французинките денеска доаѓаат, утре тренираат, а в недела е мечот. Зминуваат в понеделник.

Loading