Во Кривогаштани
Стотина учесници продефилираа на манифестацијата “Денови на македонската народна носија” во Кривогаштани. На 35 издание, учесниците од скопско, кичевско, радовишко, Истибања, прилепско, ги претставија раскошните народни носиени од нашите претци. Првата награда екипно заслужено отиде кај учесниците од Вевчани. Најубава носија е машката руба од Кривогаштани, а женска носијата на КУД “Моминок”. Специјалната награда за обичаи доби екипата од Истибања, кочанско. КУД “Илинден”,остана квалитетен организатор и автентичен продолжувач на традицијата за негување на македонскиот фолклор и обичаите. Манифестацијата беше збогатена со изложба на ракотворби, носии и оригинални везови.