ОДБОЈКАРСКО ПРВЕНСТВО НА СРЕДНОШКОЛКИ

Средношколките од земјава се забавуваа и спортуваа на државниот натпревар во одбојка. Прилепчанките беа добри домаќинки, но титулата замина во Струмица. Екипата од СУ “Јане Сандански” покажа најдобар квалитет и заслужно го освои првото место. Зад неа беа две скопски екипи. Екипата од Гимназијата “Мирче Ацев” успеа да биде нај во фер плеј екипа. Се играше пред многубројна публика во спортската сала Арена “Сонце”, а организатори беа Сојузот за училиштен спорт на Прилеп и Федрацијата на училиштен спорт на Македонија. Се покажавме одлични организатори. Шеесетината учесници не само што се натпреваруваа, туку и се дружеа – вели Здравко Ристески од Сојузот на училиштен спорт на Прилеп.

Loading