БОРБА ЗА ПРВА ТИТУЛА

Жени

Фудбалерките на Победа утре на стадионот Ѓорче Петров, играат дерби за титулата со скопско Наше такси. Одговара победа и реми. Есенскиот меч заврши 1-1. Одиме на победа, очекуваме нерешено. Во отворена игра мора да има победник – вели Блаже Филипоски, тренерот на Победа. Претходно Победа го растури Респект Скопје со 6-0, а во Кочани, Наше такси победи со 0-8. На табелата двата најдобри се израмнети по 25 бода.

Loading