ВИТАМИНКА СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ

Според неревидираниот финансиски извештај на Витаминка во 2010 година, компанијата остварила раст на приходите од продажба, кои на крајот од годината достигнале над 20 милиони евра. Остварената нето добивка за 2010 година изнесува 43,1 милиони денари, а во 2009 година била 46,6 милиони денари. Витаминка е компанија која работи во прехранбената производствена индустрија. Широката палета на производи вклучува флипс (снекс) производи, корнфлекси, чоколади, чоколадирани производи (јадра од овоштија), инстант прашкасти производи со витамини, кечапи, мајонези, бонбони – компримати, кекси, кремови, супи, додатоци за јадења, сирупи и др.

Loading