ПРИЛЕПСКАТА ПИВАРНИЦА МЕЃУ СИЛНИТЕ СВЕТСКИ ПИВАРНИЦИ

Прилепска пиварница го доби признанието за една од најдобрите пиварници во светот. Според светската анализа “Plimsol”, компанијата е рангирана како “силна” во новиот Глобален пазарен извештај. Професионалното работење, воведување иновации и одржување на квалитетот во производство на нашите производи, е една од нашите примарни цели. Добиеното признание за една од најдобрите пиварници во светот, е голем показател за успешноста на нашата работа и, секако, дополнителен поттик да продолжиме да се движиме во нагорна линија – изјави Сашо Самарџиоски, генералниот директор на пиварницата. Според глобалната анализа “Plimsol”, Прилепска пиварница е една од 181 пиварница низ целиот свет што функционираат успешно на пазарот. Анализирани биле 499 најголеми пиварници, а Прилепска пиварница моментално се наоѓа на 375 – то место според нивото на профитабилност на глобалниот пазар. Генералниот заклучок на студијата е дека, ако Прилепската пиварница продолжи да се движи во оваа насока, многу брзо ќе скокне во нагорна линија и ќе заземе значајно повисоко место на полето на рангирањето.

Loading