РЕБАЛАНСОТ ГИ ИЗЕДЕ ПЛАТИТЕ

Еурокомпозит

Загубарот    Еурокомпозит лани продал воена опрема за војската и полицијата на Грција, на Босна и Херцеговина, за Авганистан, за Хрватска и за Ирак, но не успел да го анимира МВР. Министерството за одбрана не го реализирало комплетно ланскиот договор за набава на воена опрема. Затоа на околу 420 работници им е загрозена исплатата на јануарската плата од по сто евра. Синдикатот се закани со штрајк. Директорот Никола Лучески образложи дека причините за недостигот пари за плати лежат во некомлетната реализација на договорот со МО. Потпишан е договор од сто милиони денари за Министерството за одбрана. Не се реализира цел, туку наплативме само 60 милиони, а остатокот остана за годинава. Средствата беа планирани за плати. Вложивме пари во производството, но не се вратија сите, туку делумно. Затоа нема доволно средства за исплата на јануарската плата. Министерството објасни дека не го реализира договорот поради ребаланс на буџетот – рече Лучески. Не го тужеле МО, оти договорот не е раскинат, туку ќе се реализира годинава. Лучески потврди дека воената фабрика лани немала склучено договор за продажба на опрема за МВР, додека за годинава очекува во март. Бараме помош за превработеноста со финансиска интеревенција за прогласување на технолошки вишок и сменување на старосната структура на работниците, кој сега е во просек околу 51 година. Анализите покажуваат дека рентабилно може да се работи со 300 работници. Бараме да влеземе во проекциите за набавки од воена опрема за МВР и МО – рече Лучески. Загубарот Еурокомпозит, со сто отсто државен капитал, над 70 отсто од годишните приходи ги остварува од соработката до МВР и МО, иако технологијата е застарена, а фирмата има превработеност. Затоа и сметката е блокирана повеќе од една година, а трансакциите се вршат преку Д.О.О.Е.Л. Загубата лани била околу 500 илјади евра. Дел од производствените линии се затворени, не само што се стари.

Loading