НЕ ЗАТАЈУВА ПОДДРШКАТА ЗА ВИДЕЛО ЗА БИНАС

Со исто темпо се слеваат средства на сметката за донации на Зенит за поддршка за малата наша слепа сограѓанка на 16 месеци да добие шанса да прогледа со операција во Истамбул. Граѓаните покажуваа широкоградост кон Бинас да му се придружи на братот, близнак, Тахир во детската игра. Добивме информација дека и наши сограѓани од странство покажуваат готовност да испратат пари за сметнување на темнината и да се појави сјајот во очите. Сите се убедени дека Бинас ќе успее да ја види светлината на денот и нема да се тетерави, туку ќе се радува на детството, како сите врсници на светот. Упорно постепено собираме две илјади евра, од потребните десет илјади, од кои остатокот ќе го плати државата. Отворивме посебна сметка да ја испратиме Бинас со родителите на операција. Слепилото í е последица од предвремено раѓање и инкубаторот. Не í се насмеа среќата да биде оперирана како нејзинот брат да го види сонцето. Ги повикуваме сите хумани луѓе да го извадиме невиното дете од мракот, зашто и во него тлее живот и мечта да му се придружи на својот брат во играта со кукли и играчки.

Сметката за донации е 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. Ќе ја контролираат читателите со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите донации. Кога ќе се соберат околу 120 илјади денари, средствата ќе се насочат во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истамбул. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140.

Loading