ЕЛЕНА – ПРИЛЕПСКА ЦЕЦА

Прилеп лани на Пивофест ја виде и слушна фолк дивата Светлана Цеца Ражњатовиќ, но прилепчани имаат и своја, прилепска – Цеца. Тоа е 21 годишната Елена Јовческа која на минатогодишниот “Охрид фест” ја понесе првата награда за дебитант, за песната Атландида за која сними и спот. Човек да не ја гледа, а да ја слуша со рефренот од хит песната “Београде”, ќе помисли дека Цеца пак дошла. Нема друг интерпретатор кој толку вешто се доближува и до кадифениот глас на турбо – фолк дивата. Го сакам турбофолкот и ја обожувам Цеца. Пеам од љубов и задоволство. Планирам да препеам староградски македонски песни – открива Елена. Студент е на Економскиот факултет, а завршила музичко училиште во Скопје. Талентирана за песна е по татко í Пецо кој потпевнува на домашни слави во добро друштво. Елена настапува со бендот “Вокали” низ локалите. Младоста, убавината и вештите прсти низ инструментите, крунисани со прекрасниот глас од Елена, создаваат милина и за очи и за уши.

Loading