ШВАЈЦАРСКИ ИСКУСТВА ВО 11 ОКТОМВРИ

Младинци

Тони Наумоски, координаторот на младинската школа во ФК 11 Октомври, беше на петдневен семинар од ФФМ и ФИФА во Струмица. Воодушевен е од предавањата на Мартин Андермат, поранешен играч на швајцарските Грасхоперс, Јанг бојс и Цирих. Инструктор прва класа. Покажуваше за офанзивна и дефанзивна игра, поставување играчи, составување тим… Искуствата се добредојдени – вели Наумоски. Швајцарецот ги потенцирал младите категории. Приврзаник е на сопствените кадри, дури низ примери. Тоа е тенденција во клубот. Двајца Африканци биле најдобри. Се очекувал трансфер за големи пари. Ги купиле по 200 илјади, а ги продале по три – четири милиони евра. Но, шест месеци подготвувале замени од младинскиот погон. Тоа е процес, стратегија, бидејќи сме поддржани од клубот – смета Наумоски. Во школата на 11 Октомври се над 100 надежи, кои тренираат на Спортски центар, в сала и во фитнес сала.

Голи против облечени

Швајцарецот ги знаел состојбите во нашиот фудбал. Има оригинален став околу тешкотиите, постојаните поплаки од тренерите дека немаат услови. Во лошото секогаш се наоѓа по нешто добро. Во сиромашните земји се жалат од недостиг на опрема. Немаат конуси за обележување, ни маркери. Наместо конуси поставете шишиња со вода и решен проблем. Ами дресови од каде? Едни нека играат голи, другите облечени – им порачал Андермат. Убеден е дека децата од Африка и другите сиромашни земји, се поталентирани, оти на нерамнини или в песок боси развиваат добра кординација, движења, техника и со многу работа тоа се усовршува.

Loading