БЕЗ СТРАНЦИ ПО ОПСТАНОК

Кошарка

Кошаркарскиот прволигаш Ултимејт баскет значително ослабен го пречекува утрешното продолжение од првенството. Кај АБА Струмица патува тимот без четворицата Срби, Божиќ, Лазиќ, Кобау и Јовановиќ. Остануваме само со домашни кошаркари, без ниеден странец. Тешко е, но се бориме за опстанок – велат од У. Баскет. Не е дефинитивно заминувањето на центарот Јовановиќ. В сабота сигурно нема да се смета на него, но постои надеж дека ќе се приклучи за вториот, позначаен меч, по седум дена. Клучната пресметка е дома со Куманово. Преговараме да се врати Јовановиќ. Во спротивно, на центарската позиција застанува младиот Томче Николоски – истакнуваат од У. Баскет. Ги нема уште и Конзулов, Неделковски и Петровски. На располагање се браќата Славиша и Бранко Јанески, Младеновиќ, Ѓорѓиевски, Ќурчиев, Николоски, Михајловски и уште неколку од младинската школа. Несудените засилувања Талески и Захариевски не се во списокот на тренерскиот тандем Костоски – Атанасоски…

Loading