ДЕВЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КУЛТУРА

Локалната самоуправа ќе финансира десеттина културни манифестации со над девет милиони денари. Најмногу пари ќе одат за “Пиво фест” и карневалот “Прочка”, потоа за Фестивалот “Војдан Чернодрински” и Фестивалот за народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски”. Пари од буџетот се одделени и за прилепското уметничко лето на ЦСЛУ, за организација на Мариовско – мегленските културни средби, за одбележување на 11 Октомври, Трети ноември, за Нова година.

Loading