ЗА ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ,, СТАТУЕТКА ОСКАР

Оскар како признание за спортски дух на основците од ,,Блаже Конески,, им подари Федерацијата на училишни спортови на Македонија. На свеченоста во весела атмосфра, претставници на училиштата ги примиле трофеите. Заслуженена е наградата. Третото место на државно ниво во фудбал и карате донесоа за училиштето и за градот еден од десетте пехари, од кои девет завршија во Скопје. Нашето училиште е најспортско од градов во последниве две години, без услови за спортските активности – вели Марија Дулевска, директор на ОУ ,,Блаже Конески,,. Емилија Јовеска – 4-1 одделение со гимнастички натпревари, Филип Бурнески – 8-2 одд. за воздушна пушка – пионери, Викторија Дунимаглоска 4-3 одд. – карате, Михаела Здравеска 5-3 одд. Дарко Велески 5 – 3 одд. – џудо и Сара Велеска 5 – 3 одд. биле поединците кои се издвојуваат со дарба за спорт во ,,Блаже Конески,,. Кажуваат дека ќе градат фискултурна сала кога ќе добијат одобрение. Се подготовуваме за градба. Чекаме одобрение. Засега, децата по физичко и здравствено образование вежбаат во поширока училница. Купивме душеци, пинг – понг маса и топки за подобрување на наставата – објасни Дулевска. На почетокот на годината биле домаќини на ракометни натпревари за пионери. Им гостувале шест екипи од Скопје, Велес и Штип.

Loading