БАЛОНИ, МАЖОРЕТКИ – СНЕГУЛКИ И БАЛЕТКИ

Учениците од ОУ ,,Рампо Левката,, со песна, игра, со насмевка, со кранати раце, со весели и распеани срца, им посакаа весела и бериќетна година на родителите, пријателите и другите присутни во училиштето. Во холот во ,,Рампо Левката,, ечеше песна за Нова година, за зимата, за Божик… Од прво до осмо одделение, приредија достојна креативна програма. Рецитатори, актери, хористи со едноставни зборови вообичаени за македонската реч, необично, долеја ведрина на атмосферата. Свечена и весела клима и во салата на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Основците од ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,, приредија уникатна програма низ песна игра и рецитирање. Пееја за верските празници Божик, за Нова година… Бурни аплаузи за мамините и татините галеничиња.

Loading