ШВАЈЦАРСКА ДОНАЦИЈА ЗА ХЛОРИРАНА ВОДА ЗА 16 ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ ВО ДОЛНЕНСКО

Хлорирана вода за пиење добија околу 16 илјади жители од Општините Кривогаштани, Долнени и Крушево со ставањето во погон на хлорната станица кај селото Дебреште. Системот е заеднички проект на Општините, швајцарската агенција за развој и Бирото за поддршка на региналниот рамномерен развој. Инвестицијата чини околу седум милиони денари. Швајцарскиот амбасадор во Македонија изјави дека проектот е успешен пример за подобрување на квалитетот на животот на населението во 13 села во трите општини. Проектот е трипартитен и не може да се реализира само од една страна. Претставува вклучување на општините, невладините организации и централната власт. Тоа е предизвик, за чија финализација имаше успешна соработка на повеќе институции. Не е едноставно да се усогласат различните цели. Предизвик е и за светот, а не само во Македонија – рече на свеченото пуштање во употреба на хлорната станица швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото. Градоначалникот на Долнени Абдула Бајрамоски е радосен што е сметнат од дневниот ред горлив проблем на жителите. Најмногу придонес за хлорираната вода даде Регионалната агенција Преда. Парите беа дел од Бирото за регионален развој и еден дел од Долнени. Потребни се уште малку средства, објектот да се фасадира, макар што ја врши функцијата. Најбитно е што 16 илјади жители од трите општини добиваат здрава вода за пиење. Околу 57 проценти од парите се од Швајцарската развојна агенција, 25 проценти од Бирото за рамномерен регионален развој и останатите 18 отсто од трите општини – изјави   Бајрамоски. Официјално стартува хлорната станица за трите општини Долнени, Кривогаштани, Крушево, во Дебреште. Пред шест месеци беа удрени темелите во врел жежок летен ден. На убав зимски ден се покажува успешната работа. Сите енергично работеа на проектот од инфраструктурен карактер кој е прв на Преда. Беше предизвик за имплементација, бидејќи е од витално значење за регионот за поквалитетен живот на населението. Швајцарската амбасада ја поддржува Преда и во некои други проекти од регионален развоен карактер за пелагонискиот регион – рече Маријана Милевска , директор на Преда. Градоначалникот на Абдула Бајрамоски информира дека уште неколку села се “непокриени” со инсталации за хлорирање на водата за пиење во водоснабдителните системи. Сите населени места имаа вода за пиење, освен селото Мало Мраморане, каде има комплетно изградено мрежа, а има недоразбирања.

Loading