СЕ ПРОСЛАВИ СВЕТИ НИКОЛА ПО РЕЦЕПТ НА ЏОРЏ


Со посна трпеза в центар и многу благослови за Свети Никола да ги чува прилепчани, се прославуваше светецот заштитник на градот по петтипат. Света литургија се служеше пред параклисот, се палеа свеќи за здравје и благодет. Годинешниот домаќин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски приготви посна трпеза, а прилепчани се гоштеваа на традиционалната софра под ведро небо со посни сарми, грав, риби и вино. Христијански е потребата да им се помага на сите, како што тоа го правел светецот, помагајќи им на болните, сиромашните и на онеправданите. Вековита да е традицијата – изјави Атанасоски. Градоначалникот Марјан Ристески е убеден дека на градот му тргнало на подобро, откако го штити светецот. Домаќин в година ќе е прилепската филијала на Стопанска банка од Скопје. Директорот Стевчо Димески вети достојна организација на прославата. Прилепчани пред две години се запишаа во Гинисовата книга на рекорди со подготовка на над 80 илјади минијатурни посни сарми.

Loading