ИЗВИДНИЧКИ ШАТОР ПРЕД ЗИМА

Иако, веќе е доцна есен, сончевите зраци мамат. Извидници од одредот “Еригон” по куси ракави подигнуваат шатор во паркот на револуцијата. Двобојниот шатор и детскиот џагор како трепет од ливчињата, го живнуваат и зеленилото околу. Извидниците покажуваат дека се војници на мирот, на сестраниот развој на младите. Со корисни прошетки по природата и ширење на другарството, се учи и се забавува.

Loading