ЕФТИНИ ГУМИЧКИ ОД СКАПИ АЛАТИ

МАГОВЕР

Алатите ги произведуваат сами

Гума за прехранбената индустрија, која е со посебна декларација и сертификат

 

Прстенести, гумички со разна димензија за прехранбената индустрија, за домаќинствата, за лесни и тешки возила, гумички за мермерската индустријата има во дуќанот на Маговер во старата чашија. Едноставно очи да не можат да догледаат, распоредени во одделни кутии. А целиот спектар на разно-разни гумички е производство на фирмата во сопственост на Розица и Александар Маркоски.      Претпријатието е родено од маката и безизлезот во 1993 г., да преработува на сурова гума. Идејата дојде спонтано. Безработицата нé натера нешто да работиме, оти двајцата останавме без работа. Јас стечаец од Билјана по 16 години, иако завршив книжевност. Но, ете станав продавачка. Сопругот Александар работел во ,,АВИ транспорт,, и во Аероклубот во Коњари и тој остана без работа. Мажот ми не ја познаваше работата. Почна да полни амортизери, смена на гумички за чешми. Сакаше да учи, следеше литература. Со свои пари ја зедовме првата мала преса во 1993 г. Почна да прави и алати – вели Розица Маркоска.

Алатите ги произведуваат сами

Првиот дребонг го зеле од Бугарија. Сега имаат две преси – мала и голема, дребонг – мал и голем, фреза, брусилици… Алатите ги произведуваме во погонот во Варош. Имаме гума за прехранбена индустрија, која е со посебна декларација и сертификат. Ги задодоволуваме потребите во Прилеп и низ Македонија. Бизнисот сега оди потешко, поради кризата и стагнацијата на стопанството – вели Розица. Со намера се да прават и семеринзи, ако дојде подобро време, бидејќи се поспецифични. Имаат подготвено неколку алати. Синот Гоце е повозрасен и навлегува во бизнисот. Гимичките ги правиме по нарачка, но доколку се трошат, оти алатот е поскап од проиводот. Пример, да се произведе гумичка од 60 денари потребен е многу скап алат и макотрпна работа – објаснува Розица.

Непостојаност на цената на суровината

Сурова гума ја купуваат од Србија. Се жалаат дека се рефлектира несигурноста со секоја тура, зашто се менуваат цените нагоре. Затоа можно е да се работи со загуба на некои производи, само да се оджуваат муштериите. Најмногу гумички бара мермерната индустрија , Тие им се елементи во машините. Потоа се вградуваат во автомобилите, а порано многу ги барале од фабриката Сувенир во Самоков. Засега немаме извоз. Но, стравуваме од вкупната економска состојба – објаснува Розица. Фирмата Маговер е крстена по делови од имињата на семејството Маркоски, од Александар, синот Гоце, ќерката Вере и Розица.

Loading