НБА МАКЕДОНЕЦ ВО УЛТИМЕЈТ БАСКЕТ

Кошарка: Даниел Велески почна да тренира

В сабота (19 ч.) гостува скопски Торус, во второто коло од Првата машка кошаркарска лига. Во Универзална на трибина ќе биде Даниел Велески, член на домашниот клуб. Тој тукушто одржа прв тренинг кај Панче Милевски. Македонец е, кој цел живот го поминал во САД. Македонија само ја посетував. Дојдов пред три месеца, поради погребот на мајка ми во Дрен. Кариерата ја започнав во Вирџинија, продолжив во Алабама. Бев на последниот избор во Атланта хоук. Одбив поради неподготвеност. Млад и недоволно зрел не ми беше местото во најквалитетна, професионална лига на светот. Преминав во Германија, во Штутгард и Кирхен, каде го освоив шампионатот за пласман во втора лига. Но, сите 12 играчи бевме отпуштени. По четири години мајка ми се разболи тешко, морав крај неа во Германија. Паралелно, отворив финансиска фирма во Лондон и Њујорк, каде живеам. За спорт немав можност – вели Велески. Има 28 години, игра како бек шутер, висок е 183 сантиметри. За одбрана е и дава по пет до седум тројки на меч. По паузата му се јавувила желба за враќање во кошарката. Прашував ќе има ли клуб. Тренерите ме примија. За почеток ќе тренирам, после ќе видиме до каде можам во У. Баскет- истакнува Велески. На У. Баскет му требаат нови, бидејќи дома лесно загуби од Работнички со 67-90.

Loading