ТОМОГРАФ В БОЛНИЦА

Вредна и корисна медицинска опрема ќе добие болницата за подобрување на условите во здравството. За кусо време, прилепчани не ќе мора да патуваат во други градови или по приватни дијагностички центри, зашто е набавен компјутерски томограф за дијагностицирање (КТ), вреден околу 500 илјади евра. Гинеколошкото одделение ќе биде опремено со 4Д ехо апарат, а дел од новата опрема ќе биде инсталирана и на другите одделение – изјави Илија Богатиноски, директор на болницата. Тој соопшти дека веќе се реконструираат одделенијата. До мај в година, болницата ќе има комплетно нова надворешна дограма и обновени тоалети на сите одделенија. Дел до средтствата за реконструкција во висина од околи 860 илјади евра, ќе се наменат за заокружување на гасната станица и за опремување на ургентното одделени – рече Богатиноски. Тој објасни дека болницата работи со 30 специјалисти помалку од потребните 130. Работата 103, од кои за неколку години ќе заминат во пензија поголем број. Имаме 15 специјализанти, но за нивно преземање на работните задачи се потребно две-три години. Бараме од Министерството средства за нови вработувања, но се застанува во финансии. Проблем е што немаме ниту еден општ лекар, кој би можеле да го испратиме на специјализација – вели Богатиноски. Болницата работи со 25 милиони денари месечно и уште два-три милиони од партиципација. Над 70 отсто од парите се трошат на плати и надоместоци за ноќна работа, поради недостиг на специјалисти. Месечниот кусок е околу четири пет милиони денари.

Loading