РАЗУБАВУВАЊЕ НА ХУМАНОСТА

Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ

Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ имаше собрание по мотото “За татковината со вера, љубов и надеж”. Претседателката Соња Блажеска изјави дека сите треба да разбираме, да имаме љубов и верба, за што е потребно трпение и да се знае дека надежта движи напред. Унијата како политичка асоцијација на жени во рамките на партијата ќе настојува активно да се вклучува и да придонесува во развојот во сите сфери од животот. Ќе ја разбудуваме хуманоста, ќе дарува, оти тоа се мерила на економските и духовните вредности. Едновремено, ќе се грижеме за сите на кои им е потребна помош, како социјалните случаи, хендикепираните, старите и немоќните. Тоа е дел од нашата мисија – рече Блажеска. Сведоци сме на брзиот индустриски развој, а со тоа и на загадувањето на животната средина. За почиста и поздрава средина, ќе изработуваме програми за заштита, преку подигање на свеста. Во здрава и чиста средина жената ќе може успешно да ги расте и воспитува своите деца. Ќе организираме едукативни предавања за раст на општествената и духовната слика за имплементирање на неопходните реформи по европските стандарди. Зашто жената е неопходна во созревањето на граѓаните за предизвиците на новото време – нагласи Блажеска.

Loading