ОПОЗИЦИСКИ СОБИР НА ПРАЗНИК

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави при отворањето на новите партиски простории во објектот на некогашниот хотел Скопје дека и централата се вклучува во организацијата на народниот собир на 11 октомври во Прилеп. 11 Октомври е само повод за собир во Прилеп, а собирот е посветен на сегашноста и на иднината – рече Црвенковски. Тој нагласи дека СДСМ ќе организира собири и во другите градови. Црвенковски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет го потценува или го релативизира значењето на НОБ. Ако тие, од идеолошки или други причини, се срамат од НОБ, ние се гордееме и сметаме дека тоа е најсветлиот период од историјата на македонскиот народ – изјави лидерот на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ рагираше со констатција дека е добро е што Црвенковски дошол да види како изгледа Прилеп денес. Во соопштението понатаму стои дека очекувале пензионерот Црвенковски да даде изјава пред пензионерскиот дом или пред Могилата на непобедените, целосно реконструирана со средства од локалната самоуправа. Неодобрување на собирот на СДСМ на 11 октомври покажаа Сојузот на борците, Социјалистичката партија, Демократскиот сојуз и Здружението на воените обврзници, учесници во настаните во 2001 и 2002 година.

Loading