НОСИИ НА ВЕТРЕЕЊЕ

Елекот и кошулата (налик на роба или фустан) на фотографијава се стари стотина години. Сопственичката Роса Котеска е почината. Но, облеката е наследство, сега на една од најмалите ќерки. Временски потсет, кога волната и памукот се основа за ткаење черги и облеки, а спиењето во сламена копа под ведро небо и ѕвездена романтика е интересно доживување. Роса со мерак ја везела уште како девојче. И бил првиот вез, научен од стрина í, зашто од бебе била сираче. Во селото Прилепец, од рацете ткаела креации со вретеното, над разбој. Посебно интересни се бојојте на носијата, ситните разнобојни монистра и едноставниот орнамент. Карактеристика на секоја носија е што кошулата, и гаќите, машки – со лик на бечви, обично се изработувале од волна, коноп или лен, памук и свила, во суроа боја ( боја на волната), бела или црна и кафеава. Народната облека ретко се носи. Останало традиција да ја извадат од каселите и облечат, да ја помирисаат старината, обично играорци од разни културно – уметнички друштва или гости од странство и да впијат од душата на македонштината, од изворот на Македонија.

Loading