ВЕЦЕВСКИ ПРОДОЛЖУВА В ШКОЛА

Неуморниот тренер Коле Вецески кусо беше во третолигашот Млекар, каде со совети успеа да го дотера тимот, кој наместо катастрофално, минимално беше поразен од фаворитот Викторија со 0-1. Поради ставот да работи професионално, се посветува на школата од клубот Пелагон, за откривање и усовршување на фудбалски таленти. Ги тренирав Александар Стојкоски, Стевче Атанасоски, Зоран Даноски, Мартин Трајкоски, Ренато Момироски, Игор Мирчески, Кире Смоквоски, Кире Талески, Мартин Ѓорески, Владимир Тодороски, Коста Поп – Зафиров, Далибор Раевиќ, а сега се посветувам и на неколку пионери, каде многу надеж имам во син ми, 11-годишниот Христијан. Сега засега работам тука, чекајќи понуда од странство -вели Вецески. Тој успешно го водеше гевгелиски Кожуф, а беше и во Грција.

Loading