УГОСТИТЕЛИТЕ МИНУС ЕДЕН ЧАС

Угостителите од завчера нудат за еден час помалку услуги. Скратено е работното време. Објектите за храна ќе работат од седум наутро до 24 часот. Ноќните клубови ќе можат да работат од 20 до 4 часот наутро. Во петок и сабота, спроти празничните денови и на празниците, работното време ќе биде до пет часот. Диско клубовите ќе можат да работат од 19 до 4 часот утрото, а за викенд и празници до пет часот. Во сила стапија измените и на работното време кај сендвичарите кои ќе можат да бидат отворени до еден часот по полноќ.

Loading