МЕТАЛО БРАВАРСКИ ГРАВУРИ

Од “Метал Шоле”

Креациите на алуминиумски ограда 

Фасади со плехови

 

Меѓу прилепските фирми кои имаат полни раце работа особено во летниот период е “Метал Шоле” на сопственикот Сашо Трајкоски. Веќе пет години се занимава со метало браварски работи, како што е изработка на алуминиумски, ковани и метални огради.

По таткото, и синот со сопругата

Формирањето било резултат на струката на сопственикот и продолжување на занаетчискиот пат на татко му, кој бил мајстор во занаетот. Со темелот на знаењето и искуството на татко му, Трајкоски јуниор почнал да ги открива тајните на бизнисот да продолжи сам во креациите на алуминиумските огради. Бизнисот го “тераат” заедно со сопругата Весна. Главно муштериите им се од Прилеп, но глас за добриот мајстор насекаде се слуша, пак и во Ресен, Кичево, Битола. Повеќе се бара алуминиумската ограда, росфрај, која е полесна за одржување. Не е потребно бојадисување, не рѓосува, трајна е. Квалитетно сработеното е препорака за нови ангажмани – вели Сашо Трајкоски.

Монтираат и блиндирани врати

Располагаат со соодветна опрема. Имаат и дуќан – изложбен салон за модели на огради, алуминиумски врати, елементи за огради, блиндирани врати. Сигурносните врати само ги монтираат, а купувачите ги бараат, бидејќи се ефтини, а им нудат сигурност. Лете не креваат глава од работа. Иселениците и други чекаат, такаречи, на ред да им бидат поставени модерни огради. Се чувствува присуството на нашинците кои живеат во странство, вратени за летните одмори. Поставуваме и дибон – алуминиумски плехови, насреде со гума за фасади. Некои бараат и имитација. Но, оригиналот е за декорација, најчесто во сива или црна боја, е поскап. Рамните плехови се кројат според димензијата и формата – објаснува Трајкоски. Претежно се ориентирани на алуминиумски огради и затоа и отвориле дуќан. Има муштерии кои бараат и оригинален инокс, росфрај. Но тој е поскап и најчесто поретко се бара. Цената му е од 120 до 200 евра метро цевка. Цената е малку неприфатлива за наши услови, а во Гостивар и Тетово се пласира доста – вели Трајкоски. Перспективата во бизнисот ја гледа во потребата и желбата од постојано подобрување и градење на куќи и домови. Ниеден објект не може да се замисли без железо, односно дел од нашата струка. Што и да се прави мора да се употреби железо, алуминиум – вели Трајкоски.

Loading