ПОСИЛНИ ОД ПРОБЛЕМИТЕ

Златен даб

            Нејасна ситуација во Златен даб, машкиот ракометен суперлигаш. Нема собир. В средата ќе се направи обид.

            Има непотврдени информации дека ракометарите решиле официјално да не почнувааат додека не се исплателе две заостанати плати. На спортскиот центар, поединци истрчувале по своја волја.

            Раководството вложи големи напори да ги реши финансиите. По се изгледа дека работите не одат. Директорот Кристијан Илиески ја потврдува неизвесноста.

            – Најтешко е да се импровизира. Не чека многу тешка година, но верувам дека ќе излеземе посилни од проблемите – истакнува Илиески.

            На располагање се 15 ракометари. Отсуствува само бекот Филип Ангеловски, на одмор во Грција. Замина десното крило, Грузиецот Реваз Чантурија, Во првото коло, на 11 септември, Златен даб гостува во Велес, на повратникот Борец.

Loading